Вистински бејбибум се случува во Холивуд, но и во модниот свет, неколку манекенки очекуваат бебе, а вчера и Емили Ратајковски откри дека е бремена. Таа се фоторафираше за дигиталната насловна страница на Vogue и изјави дека не го знае полот на бебето, но и дека не планира да го открие.

Манекенката објави и фотографија од ултразвук, фотографија со сопругот Себастијан Бер-Меклард, сето тоа заедно спакувано во видео кое ги покажува неколку фази од бременоста од почетокот до сега, когаЕмили е некаде на средината од бременоста.

Видеото со сними нејзината пријателка, актерката Лина Данам, и Емили ѝ се зблагодарува што ја смислила целата приказна и ги уловила првите месеци од бременоста.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here