Поранешниот началник на СВР Велес, Игор Ангеловски починал синоќа на фнфективната клиника во Скопје како последица од вирусот Ковид-19. Ангеловски бил хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница на 7 октомври, пишуваат велешките медиуми.

Откако после една недела состојбата му се влошила, тој бил транспортиран на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје, каде што синоќа починал. Претходно, неколку дена бил прикачен на респираторна машина. Тој е најмладата жртва на коронавирусот во Велес. Имал 41 година.

Игор Ангеловски беше началник на СВР Велес во периодот од 10 јануари до 27 јули годинава, како предлог на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. По професија беше магистер по дефендологија. Работел во единицата за специјални задачи „Тигар“, бил инструктор во Центар за обука во Идризово и самостоен инспектор во Крим техника во СВР Велес . Исто така бил инспектор во обезбедување на ВИП личности и објекти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here