Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Петровец и Карпош, а задутре делови од општините Бутел, Центар и Аеродром.

Како што соопшти ЦУК по известување од ЕВН, причина за прекините на напојувањето со електрична енергија се технички зафати во дистрибутивната електро мрежа

Од 08:15 до 12:30 часот утре без електрична енегија ќе бидат корисниците од селата Катланово, Градманци, Летевци и Катлановска Брезница во општината Петровец, а од 9 до 14:30 часот делови од улиците „Миладин Поповиќ“ и „Орце Николов“ во општината Карпош.

Без електрична енергија задутре од 9 до 12 часот ќе бидат делови од улиците „Иван Манолев“ и „Рокомија“ во општината Бутел, од 9 до 13 часот дел од ул.„Антон Панов“ од бр. 6 до бр. 33, како и дел од ул.„Славе Деловски“ од бр. 7 до бр. 18 во општината Центар, а од 9 до 14 часот дел од селото Долно Лисиче во општината Аеродром. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here