Во својот Фејсбук статус претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна на она што Заев го ветуваше, а што се не исполни.

Прочитајте во продолжение:

Пред повеќе од една година Заев вети нов инвестициски пакет од 5 милијарди евра.

Епилогот по година дена е:

❌долг од плус 2 милијарди евра.
❌секое семејство задолжено за нови 4 илјади евра
❌за само 9 месеци пад на индустриското производство од 12.1%
❌за 4.7% намален бројот на работници во индустријата
❌до крајот на годината се очекува пад на БДП поголем од 5%

Парите се потрошија, народот не памети ниту еден проект.

Новиот инвестициски пакет кој Заев го вети е реален колку што се реални:
❌инвестициите на Google и Facebook,
❌колку 5те инвестиции кои ги најави за септември,
❌колку решенијата за Еурокомпозит и Колска,
❌колку 700 км автопатишта,
❌колку странската инвестиција за фабрика за отпад во Дрисла,
❌колку клиничкиот центар кој требаше да биде готов…

Значи ништо од ова!

Некои од власта лажат повремено, само Заев постојано.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here