Тригодишно девојче е спасено од урнатините на зграда во Измир речиси три дена по силниот земјотрес кој ги погоди Турција и Грција и во кој, според последните информации, загинаа 81 лице.

Спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат уште осум згради во Измир, каде што загинаа 79 луѓе, додека две жртви имаше и на грчкиот остров Самос.

Телевизиските снимки го покажаа извлекувањето на тригодишната Елиф од урнатините 65 часа по земјотресот, по што таа беше однесена со амбулантно возило. Двете сестри и братот на Елиф претходно биле спасени заедно со нивната мајка, но едно од децата потоа им подлегнало на повредите.

„Илјада благодарам на нашиот Господ. Ја извлековме Елиф од станбениот блок“, изјави Мемет Гулуоглу, шефот на турската агенција за справување со катастрофи и вонредни ситуации.

Во земјотресот се повредени 962 луѓе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here