Денеска тестирањата беа бесплатно. Оние граѓани кои вчера се тестираа ќе бидат повикани и ќе им бидат вратени парите. Цената на тестовите беше илјада денари, но одкако министерството за здравство доби донација од 13 илјади тестови преку алгоритам на матичните лекари ќе бидат бесплатно достапни за сите оние пациенти на кои ќе има треба брзо тестирање. Граѓаните велат дека ова е одлична можност за брзо теситрање. Тие се пријавиле на бројот 02/2041625 или преку матичниот доктор и да се проверат.

Инаку, денеска на комисијата за заразни заболувања било разгледена и понудена можноста бесплатни тестирања да се прават на ниво во здравствените домови во уште две поликлники на територија на град Скопје. Со брзите тестови резулатите се добиваат за половина час. Носењето на маска идржењето на дистанца до доаѓањето на вакцината е единствената заштита.

Министерот за здравство во вчерашната емисија “Само Вистина“ потенцира дека преку апликација на Ковакс механизмот државата ќе добие 800 илјади дози и тоа по две дози.

Според Филипче Македонија има уште две понуди од уште две земји Полска со понуда на одредена количина да им преподадат од нивната и на одредени количини од Грција. Очекувањата се да бидат во првата половина од 2021 година. Засега според информациите на министерството за здравство оксфородофската вакцина велгува во последната фаза на истражувањто.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here