Македонската полиција во изминатото деноноќие со полни раце работа.

Имено во Гостивар, Тетово и Скопје биле прииведени неколку лица поради поседување на дрога, оружје, но и грбеж.

„На 02.11.2020 околу 23.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ј.(42) и Б.И.(36) од Гостивар, поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. При претрес реализиран со судска наредба во домот на С.Ј. пронајдена е марихуана и еден куршум.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 02.11.2020 во 15.10 часот, на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 49-годишниот гостиварец Џ.Џ., затоа што при преглед му бил пронајден кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово.

На 02.11.2020 во 16.10 часот, на ул.„Гостиварска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ќ.(28) од Тетово, поради сомнение дека истиот ден извршил тешка кражба во угостителски објект, која ја пријавил сопственикот на објектот С.М.(33).

По лишувањето, одземените предмети му бил вратени на сопственикот. 

На 02.11.2020 во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода Љ.Д.(30) од Битола, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.11.2020 во 21.10 часот, на подрачјето на Чаир, при извршен преглед од полициски службеници од СВР Скопје, бил пронајден нож кај С.З.(25) од Скопје. Тој бил приведен, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. “ стои во полицискиот билтен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here