Четири лица се убиени во терористичкиот напад во срцето на Виена, додека пак петтиот убиен е еден од напаѓачите.

По нападот започнала голема полициска акција со цел да се пронајдат и другите напаѓачи. Според шефот на виенската полиција, дојавата за напад е примена нешто по 20 часот, каде според изворот маж пукал со пушка.

Итните служби биле упатени во близина на синагогата, а дошло и до размена на оган меѓу полицијата и напаѓачите. Еден од полицајците е тешко повреден.

Полицијата со експлозив упаднала во станот на напаѓачот

Случаен минувач починал од повредите на самото место, а жената починала во болницата. Австриските медиуми пишуваат дека се работи за келнерка. Почина и третиот минувач. Ранет е и 28-годишен полицаец кој бил на должност во близина на нападот. Австриските медиуми пишуваат дека напаѓачот намерно пукал во луѓе.

Шефот на полицијата во Виена изјави дека напаѓачот бил неутрализиран во 20:09 часот. За напаѓачот беше потврдено дека е симпатизер на Исламската држава. Тој, наводно, го објавил нападот порано на Инстаграм. Во текот на ноќта полицијата извршила претрес во станот на напаѓачот.

За време на утринската прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер, генералниот директор на полицијата за јавна безбедност ја опиша полициската акција за претрес на станот на напаѓачот.

„Станот беше насилно отворен со експлозив и извршен е претрес“, рече тој.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Харалд Сорос изјави дека се сомнева дека има најмногу четири напаѓачи.

Центарот во Виена стана црвена зона

Во моментот на нападот, во центарот имало многу граѓани. Според полицијата, нападот се одвивал на уште пет места во близина на синагогата.

Според Министерството за внатрешни работи, центарот на Виена е прогласен за црвена зона бидејќи се смета за најранлив на понатамошни напади.

Околу 250 специјалци и неколку стотици обични полицајци и припадници на цивилната заштита се на должност по улиците на Виена по нападот и бараа повеќе сторители. Контролите на австриските граници исто така се зајакнати.

Полицијата ги повика граѓаните да не ги објавуваат снимките од нападот на социјалните мрежи, туку директно да ги испраќаат на полициската платформа, а од полицијата велат дека преку таа платформа добиле повеќе од 20.000 снимки.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер ги повика граѓаните да останат дома.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here