Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина со 11 ракометари е мора да го игра мечот со Германија откако ЕХФ одби да им ги одложи престојните дуели. 

Репрезентацијата на БиХ е десеткувана поради коронавирусот, тие побараа од ЕХФ да им бидат одложени мечевите со Германија и Австрија, но одговорот беше негативен. Босанците против Германија на располагање ќе имаат еден голман и десет ракометари. „Одлуката на ЕХФ е срамна, против Германија ќе мора да играме со 11 играчи, што е неправда каква што немало во историјата на ракометот. Тие решија дека ова е доволна бројка на ракометари, така да ќе имаме десет играчи и еден голман. Досега немам видено вакво нешто, ова е само уште една неправда која ни се случува во последните години. Се надевам дека ова ќе не направи псилни. Ќе се бориме, ќе дадеме 300 отсто од себе“, изјави голманот на БиХ, Буриќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here