„Не сакаме пребројувањето на гласови да продолжи“, порача Доналд Трамп во своето обраќање од Белата Куќа, и се закани дека ќе оди на Врховен суд.

Тој наведе дека неговите конкуренти се обидуваат да ги украдат изборите.

Трката помеѓу Трамп и Бајден е тесна, а неизвесноста се чини ќе трае до самиот крај на броењето на гласовите.

АП соопшти дека Бајден победи во Аризона. Интересно е тоа што Трамп триумфираше во оваа држава минатите избори. Аризона поддржала демократски кандидат само еднаш во последните 72 години.

Трамп досега постигнува одлични резултати во клучните држави и се чини дека ги надминува анкетите кои претходно прогнозираа дека ќе загуби.

Резултатите во Пенсилванија и Висконсин се следат посебно, затоа што локалните закони забрануваат пребројување на гласовите до денот на изборите, што значи дека би можело да трае со денови.

Се проценува дека Трамп ќе победи на Флорида, Охајо, Тексас, фаворит е за победа во Џорџија, Северна Каролина. Се смета дека ќе триумфира и во Ајова.

Аризона, држава со републиканско наследство, наклонета е кон Бајден по 75% од пребројувањето на гласовите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here