Во Македонија четири години нема дојдено ниту една странска  директна инвестиција. За разлика од кај нас, во соседна Србија, јапонска компанија ќе инвестира две милијарди долари за производство на електрични мотори, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во утринската програма на Алфа телевизија.

Тоа сериозно ќе ја зголеми економијата во Србија, земја која пред 10 години ја копираше Македонија, односно она што го прави во делот на привлекување на странски директни инвестиции, а сега Србија е недостижна. Во Србија има над 4 милијарду евра годишно странски директни инвестиции, а еве една од нив е и најголемата јапонска компанија која ја избра Србиј  од сите други европски  земји, изјави Николоски 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here