МАКЕДОНИЈА

Пратеникот Сашко Николов кандидат на СДСМ за градоначалник на Штип

Објавено пред 8 минути – 4 ноември, 2020

ОдМакфакс

Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го утврди Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои наскоро треба да се одржат.

Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница.

„Д-р Николов во изминатите години стекна висок углед како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија. Целиот свој професионален и човечки ангажман Николов го има посветено на непрекината, константна и професионална работа за граѓаните и нивното здравје“, се наведува во неговата куса биографија.

Од СДСМ велат дека Николов, докажан кардиохирург и врвен професионалец, е дел од чесната понуда на партијата за предвремените локални избори.

Досегашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, беше именуван за министер за транспрт и врски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here