Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто е позитивен на коронавирус.

Сијарто, кој се наоѓа во официјална посета на Тајалнд, нема симптоми, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на МТИ.

Премиерот Виктор Орбан вчера објави дека Унгарија ќе ги затвори баровите и клубовите и ќе воведе полициски час во текот на ноќта за да се ограничи ширењето на вирусот, објаснувајќи дека тоа е потребно за да се спречи надминувањето на капацитетите на болниците до средината на декември. Полицискиот час е во сила од полноќ до пет наутро.

Училиштата остануваат отворени, како и продавниците и рестораните, а навивачите ќе можат да ги следат натпреварите на стадионите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here