Американскиот републикански претседател најави голема прослава за изборната победа што ја прогласи

И покрај надежите, во клучните држави како Аризона, Џорџија, Северна Каролина и Висконсин во кои Бајден се надеваше дека ќе успее да обезбеди пресврт, резултатите се многу тесни или во полза на Трамп

Кандидатот на републиканците за претседател Доналд Трамп и се обрати на јавноста од Белата куќа прогласувајќи победа на изборите, иако изборната комисија не ги преброи сите гласови.

https://platform.twitter.com/embed/index.html?creatorScreenName=USERNAME&dnt=true&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1323888133390348288&lang=en&origin=https%3A%2F%2F360stepeni.mk%2Ftramp-proglasi-pobeda-ke-bara-da-prekine-prebrojuvaneto-na-glasovite%2F&siteScreenName=360%20%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BF%D0%B5%D0%BD%D0%B8&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=500px

„Искрено, победивме, иако не се преброени сите гласови. Му благодарам на американскиот народ за големата поддршка. Милиони луѓе гласаа за нас. Но, една многу тажна група на луѓе се обидува да им го одземе тоа право, што нема да дозволиме. Се подготвувавме за голема прослава“,

рече Трамп.

Тој додаде дека ќе побара од Врховниот суд пребројувањето на сите гласови да се запре „затоа што е очигледно дека републиканците водат во преостанатите неколку држави и дека Бајден и демократите не можат да ги стигнат“.

Истовремено, неговиот противкандидат, демократот Џозеф Бајден ги повика приврзаниците да веруваат во победа и да ги почекаат конечните резултати во одлучувачките држави.

„Можеби ќе потрае малку подолго. Мора да бидеме трпеливи, сè додека не заврши напорната работа на броење гласови … Да почекаме да се избројат сите гласачки ливчиња“,

им порача Бајден на поддржувачите во Делавер.

Изјавата на Бајден следи откако, и покрај надежите, во клучните држави како Аризона, Џорџија, Северна Каролина и Висконсин во кои тој се надеваше дека ќе успее да обезбеди пресврт и да ги освои, резултатите се многу тесни или во полза на Трамп.

И во други две држави за кои тој се надеваше на пресврт – Мичиген и Пенсилванија – ќе се чекаат резултатите од гласовите пристигнати по пошта и од превременото гласање за да се одреди победникот.

Тоа значи дека продолжува интензивната пресметка меѓу двајцата кандидати, со тоа што Трамп се бори да избегне, по многу децении пракса со два мандати, да стане првиот претседател со само еден мандат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here