Сите понекогаш сме нерасположени, но кај некои луѓе промената на расположението е поизразена.

Според астрологијата, токму овие хороскопски знаци важат за најмалку стабилни.Рак

Раковите се толку чувствителни што често се навредуваат и од најмала ситница. Наутро може да бидат полни добра енергија, а веќе до пладне нервозни и склони на провокација. Иако нивното однесување може да биде одбојно, тоа не го прават намерно.

Едноставно не ги разбираат работите на ист начин како другите хороскопски знаци. Тие се одлични пријатели и многу се внимателни и грижливи, па потребно е да минете малку повеќе време со нив за да ги запознаете. Ќе видите дека всушност се многу добри личности.Вага

За нив е многу важен животниот баланс, но тој тешко се постигнува. За тоа е потребно енергија, а Вагите понекогаш намерно предизвикуваат нерамнотежа за да постигна некоја цел.

Тоа може да влијае на нивната емоционална состојба, па се склони на различни испади.Скорпија

Ако не ги контролираат своите емоции, Скорпиите умеат да бидат навистина непријатни. Нивните чувства може да се манифестираат во облик на бес, лутина, одмазд, па и поголеми испади. Но, штом еднаш го допрат дното многу брзо закрепнуваат и повторно стануваат емоционално стабилни.Стрелец

Иако не се нестабилни на типичен начин, нивното расположение може да варира. Така, еднаш ќе реагираат одушевено и со жар, а веќе следниот пат нешто ќе ги налути и нема да бидат заинтересирани.

Тоа најчесто е поради стрес или оптовареност со некои работи, па поради тоа не можат да се концентрираат ниту да се радуваат на нешто друго.Риби

Овој знак има силна интуиција и разбирање за чувствата на луѓето. Добрата работа кај Рибите е што умеат да ги контролираат своите емоции и да ги насочат кон нешто корисно. Но, ако немаат каде да се издуваат, со нив може да биде многу тешко.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here