Бугарија останува на своите позиции , позицијата на Бугарија не може да се промени поради надворешен притисок ова го потенцираше вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева за „БТВ“.

Министерката Захариева изјави дека нема начин во оваа фаза да се каже „да“ за почетокот на преговорите меѓу Македонија и ЕУ.

„Нашата поддршка за Македонија никогаш не беше безусловна. Бугарија не го оспорува јазикот и модерниот идентитет на тамошното население. Ја ставивме нашата позиција многу јасна. Сега тоа е многу видливо во јавноста. Уште минатата година, владата достави декларација до парламентот, која беше поддржана од сите партии. Значи, нашиот став за Македонија не е нов, како што тврдат некои. Мислам дека имаме обединување на сите на оваа тема“, соопштила министерката.

Таа посочила дека е во интерес на Бугарија е сите земји од западен Балкан да влезат во ЕУ.

„Не е само историјата тоа што загрижува, туку и говорот на омраза. Непризнавањето на историската вистина доведува до доста сериозни проблеми во односите меѓу двете земји“, објасни Захариева.

Таа нагласи дека е потребна добра волја за спроведување на Договорот за добрососедство, истакнувајќи дека „непризнавањето на историската вистина води до доста сериозни проблеми во односите меѓу двете земји”.

– И покрај шпекулациите, ние немаме никакви претензии за тоа како да се определат нејзините граѓани и нивниот јазик. Договорот предвидува дека имаме заедничка историја, вели Захариева, додавајќи дека Бугарија има заедничка историја и со земји како Грција и Турција, но дека таа се разликува од заедничката историја со Република Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here