Повеќе од силна мотивација владее меѓу грузијските репрезентативци пред историскиот натпревар со Македонија кој на 12. ноември се игра во Тбилиси за пласман на Европското првенство следната година.

Не е никаква тајна дека секој поединец во селекцијата на Грузија е цврсто решен да се даде максимумот на „Динамо арена“ за да се дојде до победата против Македонија.

„Ние три децении го чекаме овој момент, нема некој кој не верувам дека ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до посакуваната цел. Ова е натпревар за историја, важен за двата тима и сигурно ќе има тактизирање. Верувам дека Македонија ќе игра преку контранапади очекувајќи наша грешка, но ние сме подготвени со сите сили да се избориме за настап на Европско првенство“ – вели Георги Деметрадзе.

Натпреварот во Тбилиси во четврток ќе се игра со почеток од 18 часот. Поради пандемијата на коронавирусот ќе се игра без публика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here