Зад мене е бројчаникот на Зоран Заев, истиот оној кој што го ветуваше, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-39.760 активни случаи на Ковид, и 1136 починати, ова е епилогот од неспособноста на Зоран Заев и Венко Филипче да се справи со пандемијата. Бројчаникот кој го вети Заев, изгледа вака. Ова се бројки кои што ја покажуваат реалната слика со која што сите ние се соочуваме. Имаме вкупно 39.760 активни случаи на КОВИД и 1136 починати лица. Имаме 2 милијарди евра долг односно над 60% од БДП. Имаме нови 40.000 невработени лица од март до октомври и имаме вето за евроинтеграција на Македонија. Тоа е учинокот на Зоран Заев, затоа треба оставка и тоа веднаш. Денес, го прашуваме СДСМ дали можете уште повеќе и уште подобро? Ние одговорот го знаеме, сигурни сме дека можете уште повеќе и уште полошо!, вели Стоилковски.

Тој додава дека со СДСМ важи изреката кога мислите дека дното е пробиено, СДСМ го докажува спротивното, може уште повеќе да тонеме!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here