ОВЕН

Пренесете ја својата емотивна инспирација и добро расположение на партнерот. Имате добро претчувство и добра енергија за да ги остварите сите посакува цели. Но, таму- ваму ситуацијата позната за вашиот знак ве одраќа од многу нешта. Нели е подобро да одите три чекори напред?

БИК

Нечие присуство и одредени случувања ви даваат нова смисла во вашата емотивна ориентација. Потребна ви е нечија искрена подршка. Понекогаш логичните претпоставки што ги имате не се такви и во очите на другите. Горделивоста оставете си ја дома. Надвор е терен за борба, а вие ја имате силата.

БЛИЗНАЦИ

Доколку имате средба избегнувајте го деструктивното однесување. Обвинувате погрешна личност за својот неуспех на работа. Преземете си ја одговорноста. И не фантазирајте премногу за тоа што ќе се случи ако се случи? Оставете понегогаш простор времето да го покаже вашиот пат.

РАК

Изгледа дека некој одеднаш ги расипува вашите емотивни планови или договор што го имате со саканата личност. Внимателно проценете го редоследот на средби. Познати сте по мерење и премерување, па бидете паметни и носете соодветни животни проценки.

ЛАВ

Се соочувате со иронична ситуација, нечиј гест ви делува како погрешен чекор. Ќе имате премногу гордост и тоа може да ви донесе проблеми. Канализирајте го вашиот страствен дух и импулсивност. Некогаш со мирен тон во гласот се решаваат нештата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here