Владата на Република Македонија, денеска, преку видеоконференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 18-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата е предвидено да бидат разгледани и Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, како и предлогот на Закон за ратификација на Дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги кон Договорот за изменување и пристапување кон Договорот за слободна трговија на Централна Европа, предложени од ресорните министерства.

На денешната 18-та Владина седница, која е закажана со почеток во 12:00 часот, на дневен ред, меѓу другото за разгледување е и Информацијата за потребата од потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Македонија и Европската банка за обнова и развој, кој се однесува на соработката за поддршка на процесот за членство во Европската Унија.

За заклучоците и донесените одлуки на денешната седница на Владата, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here