На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 271 казна, од кои 38 се за возење без возачка дозвола, а 32 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Како што информира МВР, изречени се десет казни за управување возило под дејство на алкохол, четири за мотоциклисти, како и 41 мерка за непрописно паркирани возила.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, пишува во соопштението на МВР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here