Земјава не само што урива рекорди по смртност и заразени од корона вирус, периодов е меѓу најзагадените земји во светот. Граѓаните се плашат за својот живот, а властите се уште немаат соодветни мерки за справување со загаденоста. Синоќа на неславното прво место по загаден воздух се најде Куманово, а мерните станици покажуваа висока загаденост и во Гостивар, Тетово, Струмица, Штип, Охрид и Свети Николе.

Утрово пак мерните станици покажуваат дека воздухот е најзагаден во Кавадарци, потоа следува Тетово и Кочани.

Од скопските населби најалармантно повторно беше во Кисела Вода, Автокоманда, Аеродром, каде загадувањето на воздухот беше неколку пати над дозволеното, а жителите на Ново Лисиче речиси се гушеа. Нивото на ПМ 10 честичките беше 362 милиграми на метар кубен.

Денеска, на апликација „Мој воздух“ со „опасен квалитет на воздухот“ беа одбележани Бардовци и Кучково – висока загаденост има и во Карпош, Лисиче и Центар.

Пулмолозите секојдневно алармираат. Ефектите од загадувањето на воздухот не се ограничени само на дишните патишта, туку и на сите други органи. Загадениот воздух може дополнително да ги зголеми ризиците од рак и други болести.

Скопјани се жалат дека веќе со недели возудхот има и боја и мирис. Дополнително ги загрижува и фактот што загаденоста влијае и врз клиничката слика на веќе инфицираните пациенти со корона вирус, но и го зголемува ризикот од заразување.

Инаку, на светско ниво, синоќа Македонија беше на шестото место по загаден воздух. На првите три места вчера најзагадени градови во светот беа Делхи, во Индија, Лахоре во Пакистан, на трето  Колката во Индија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here