Голем пех за селекцијата на Македонија ќе биде неиграњето на Енис Барди во историскиот меч против Грузија, каде со победа за прв пат можеме да се пласираме на еден голем собир. 

Фудбалерот на Леванте заработи повреда на грбот и не отпатува со соиграчие во Тбилиси, па отсуството на „моторот“ на тимот со сигурност ќе биде евидентно. Барди одигра блескав меч против Косово минатиот месец и беше меѓу најдобро оценетите. 

Вечерва неговото место и улога ќе мора да го пополни Ељиф Елмас, кој поради коронавирус го пропушти октомврискиот натпревар со Косово. Иако немаат потполно исти карактеристики, од фудбалерот на Наполи се очекува надоместок за отсуството на Барди. Под знак прашалник е и настапот на Аријан Адеми кој има мала мускулна повреда, ама фудбалерот на Динамо Загреб и лекарскуот тим ќе ги дадат сите напори да се најде на теренот.

Секако, очите на Грузијците пред сè ќе бидат вперени кон капитенот Горан Пандев, кој со еден потег може да го реши натпреварот. Оваа селекција речиси и да нема „дупка“ во составот, а и кога некој од тимот нема своја вечер, соиграчите се тука да помогнат, да се надеваме дека така ќе биде надополнето неиграњето на Барди. 

Македонија има квалитет и тимска хемија како никогаш досега, па репрезентацијата со Алиоски, Ристовски, Николов, Адеми, Муслиу заслужи пласман на Европско првенство. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here