Повредата која ја заработи Енис Барди на еден од последните тренинзи на македонската репрезентација, се покажал како потешка од она што се претпоставуваше како првична најава.

Како што знаеме Енис Барди отпадна од списокот играчи за историскиот меч против Грузија денеска во Тбилиси, така да тој и не отпатува со стручниот штаб во Грузија.

Тој имал страшни болки во грбот, што било и аларм за тимот од Валенсија од каде побарале Барди веднаш да се врати во Леванте, каде би продолжил со опоравувањето.

Медиумот „Супердепорте“ од Шпанија, пишува дека Барди имал страшни болки во грбот, што дури неможел да се качи и на авион за да замине за Валенсија, така да неговото враќање во клубот е одложено за нешто подоцна.

Штета што селекторот Ангеловски ќе го нема Енис Барди на располагање за денешниот натпревар, бидејки Македонија ќе беше уште посилна со фудбалерот на Леванте.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here