Крунослав Кичо Слабинац, кој почина денеска на 77-годишна возраст, пред 48 години испеа песна за една „прекрасна црна жена“, песна која ја знаат сите генерации од бивша Југославија.

Која е таа прекрасна црна жена која Слабинац ја опеа во песната?

Мирјана Антоновиќ живеела во Америка, а Кичо ја запознал на турнеја и веднаш се вљубил во неа. Стиховите за песната настанале во авион, кога тој се враќал од турнејата, а музиката ја напишал еден ден подоцна во Загреб.

Во Њујорк запознав прекрасна жена, со потекло од нашите простори. Седеше во „кадилак“ со шал околу вратот. Тоа беше љубов на прв поглед. Имав големи планови со неа. На концертите ја седнував во прв ред, застанував пред неа и ѝ пеев само на неа. Толку бев маѓепсан. Верував дека ќе трае вечно.“, откри во едно интервју пејачот.

Ненадејно мораше да отпатува кај семејството. Сонувавме прошетки, патувања и сѐ најубаво, и сѐ се урна за миг. Верувајте дека упорно го барам својот мир и некој кој може да ми го обезбеди. Имам 28 години и сакав јас и Мира да имаме свој мир“, зборувал Кичо за Мирјана.

Мирјана еден период беше во центар на вниманието поради скандалот околу нејзиниот син Девон. Таа тврдела дека пејачот Мирослав Илиќ му е татко на Девон, а Илиќ со години го избегнувал ДНК-тестирањето, а на суд се нашле во повеќе наврати.

Се ширеа шпекулации дека бидејќи Мирјана и Лепа Брена се пријателки, Мирослав поради коментарите на Брена на оваа тема е во лоши односи со неа.

Мирјана тврдела дека била лажно обвинета дека ја ограбила пријателката и била пратена во затвор, а потоа и во ментална институција, по разводот од првиот сопруг. Се работело за човек кој бил сопственик на модна куќа и со кого добила син и ќерка. Периодот поминат во затворот Мирјана го опишала како вистински пекол, а за својот живот во неколку наврати зборувала и јавно, а напишала и книга.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here