Во последното деноноќие во Хрватска се потврдени нови 3.056 случаи на зараза со коронавирусот и рекорден број од 43 смртни исходи од компликациите што ги предизвикува, соопшти во петокот тамошниот Национален штаб за цивилна заштита.

Бројот на активните случаи на коронавирусот во Хрватска денеска изнесува вкупно 16.746. Од нив 1.620 пациенти се на болничко лекување, од коишто, пак, 179 се на респиратори.

Од 25-ти февруари, кога во земјата официјално е потврден првиот случај на зараза со коронавирусот, од денеска вкупно се регистрирани 78.978 заразени лица, од кои 968 починале. Досега вкупно оздравеле или биле излекувани 61.264 луѓе, од кои 2.615 во последните 24 часа. Во самоизолација во моментов има 38.585 лица.

Во Хрватска досега се спроведени 601.743 тестови на коронавирусот, а 9.417 во текот на последниот пресек од четвртокот до петокот наутро.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here