Српскиот претседател Александар Вучиќ им честиташе на македонските фудбалери за вчерашната голема победа над Грузија со 1:0. Со оваа победа Македонија за првпат ќе се натпреварува во Европското првенство.

„ На сите граѓани на Македонија им честитам на историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, ќе бидеме со цело срце со вас“ напиша Вучиќ на својот Фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here