Јордан Лечков (53) беше еден од клучните играчи на бугарската репрезентација за освојување на четвртото место на Светското првенство во 1994 година во САД.

Бугарите веќе подолг период немаат настап на големите натпреварувања, последен пат на Мундијал беа во 1998 година, а последното ЕП го имаа во 2004 година во Португалија.

Нивната А селекција е во голема резултатска криза, има единствено реми со Ирска и триумф над Гибралтар. Загубија од Белорусија, двапати од Велс, Унгарија, Финска, а последниот пораз го имаа вчера во Софија повторно од Финците. И лани не поминаа најдобро, со шест порази, три нерешени и една победа над Чешка.

И легендата Лечков, потпретседател на бугарската фудбалска федерација, секако не може да биде задоволен од резултатите на сениорската репрезентација.

– Мачно ми е, реков уште пред 10 години, да ги гледаме натпреварите в среда и сабота, кои фудбалери играат. Мора да имаме посилно првенство, помладите да имаат поголема желба за успеси. Погледнете каде играат Македонците, а каде нашите играчи. Да, во минатото сме биле успешни, но сега ситуацијата не е најдобра – вели Лечков.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here