Секоја личност реагира различно на коронавирусот – некои немаат никакви симптоми, некои имаат лесна до умерена болест, а некои тешко ги погодува и им треба медицинска грижа, па дури и респиратор. Но, низа фактори можат да утврдат како вашето тело ќе реагира на вирусот и дали Ковид-19 ќе предизвика компликации. Еве ги главните такви фактори.

1. Возраст
Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека околу 95 проценти од луѓето кои починале од Ковид-19 биле над 60 години. Како што возраста се зголемува, така се зголемува и ризикот од развој на компликации и смрт. Како што старее човекот, така се намалува и способноста на организмот да се бори против вирусот.

2. Локација
Местото на живеење исто така игра улога. На пример, кога бројот на нови случаи во Њујорк почна да расте, многумина заминаа на други места каде што имаа друг дом за домување, што доведе до ширење на вирусот и на тие други места.

3. Дебелина
Дебелината е еден од факторите кои влијаат на сериозноста на болеста Ковид-19. Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) наведува дека секое лице чиј индекс на телесна маса е поголем од 40 е дебел.

4. Дијабетес
Иако луѓето со дијабетес не се изложени на зголемен ризик од инфекција со коронавирусот, тие можат да доживеат сериозни компликации од ковид поради дијабетес. Една од особено опасните компликации со кои може да се соочат дијабетичарите е поголем ризик од дијабетична кетоацидоза, што може да резултира со кома, па дури и смрт.

5. Висок крвен притисок и хипертензија
Ако некое лице има крвен притисок над 130/80, може да се развијат компликации ако се зарази со Ковид-19. Според едно истражување, 5,6 проценти од луѓето кои починале во Кина и биле заразени, имале и висок крвен притисок.

6. Срцеви заболувања
Иако коронавирусот првенствено ги напаѓа белите дробови, болеста може да го компромитира и срцето, вели Орли Вардени, вонреден професор по медицина. Покрај тоа, ако масното ткиво се акумулира околу коронарните артерии, влијанието на вирусот може да биде далеку посериозно и може да предизвика срцев удар или срцева слабост.

7. Хронично заболување на белите дробови
Поради начинот на кој вирусот го напаѓа телото, луѓето со проблеми на белите дробови, како што се астма, емфизем и хронично опструктивно белодробно заболување (ХОББ), можат да се соочат со сериозни компликации – вклучувајќи пневмонија и вишок течност во белите дробови. Покрај тоа, пушачите исто така се изложени на поголем ризик кога станува збор за Ковид-19, според СЗО, пишува BestLife.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here