Македонската фудбалска репрезентација во среда го игра последниот натпревар од новото издание на Лигата на нации. Нашите репрезентативци ќе бијат битка со Ерменија за првото место во групата, но селекторот Ангеловски се соочува со огромни проблеми, бидејќи за Кипар отпатувавме десеткувани без речиси целиот прв тим.

На сите маки, сега се остварија и најавите дека ниту Елиф Елмас нема да биде дел од тимот, бидејќи не отпатува за Никозија. Играчот на Наполи се пожали на повреда по вчерашниот меч со Естонија во Скопје, поради што не отпатува на последниот меч.

За решавачкиот дуел ќе бидеме драстично ослабени бидејќи во тимот нема да бидат Горан Пандев, Енис Барди, Аријан Адеми, Езџан Алиоски, Бобан Николов, Стефан Спировски, Крсте Велкоски, Кире Ристевски, Столе Димитриевски, а претходно не беше повикан ниту Ферхан Хасани. Поради ова, Ангеловски во составот ги повика Душко Трајчевски и Дарко Мицевски кои ќе треба да го „закрпат“ средниот ред, а повик доби и десниот бек Томе Китановски.

Мечот меѓу Ерменија и Македонија е на распоредот во среда од 18 часот. Нам ни игра и реми за да го обезбедиме првото место во групата, а со тоа да обезбедиме и пласман во Дивизијата Б од Лигата на нации за следната сезона.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here