Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша дека премиерот Зоран Заев повеќе сакал да се види со бугарскиот премиер Бојко Борисов, наместо да одржи лидерска средба за постигнување консензус за ставот спрема прашањата со Бугарија.

„Зоран Заев повеќе сакал да се види со премиерот на Владата на нашиот источен сосед, наместо лидерска средба и сите заедно да постигнеме национален и државен консензус со заштитени национални и државни интереси, а потоа да настапиме со аргументи во разговорите за клучните прашања со соседна Бугарија.

Можам да го разберам Зоран Заев зошто бега од лидерска средба. Тој е политичар со концесии, а јас концесии немам. Зоран Заев има ветувања кон високи политички кругови во соседна Бугарија Тој е човек кој би тргувал со сѐ, а јас по ниту една цена нема да се сложам на асимилација на македонскиот народ.

Зоран Заев не сака лидерска средба затоа што пред Владата изнесов јасен и прецизен став за неменување на Уставот, за посебноста на јазикот, идентитетот и правата на македонското малцинство. Заев не го слушнавме тоа да го направи.

И конечно, проектот СДСМ и Зоран Заев заврши!

п.с. Да потсетам, во време кога поради неспособната влада имаме 30 до 40 починати дневно од Корона, истата таа власт на Заев распиша избори во Штип и Пласница каде самата, како во Северна Кореја, ќе си гласа градоначалници. Нека им е со среќа, но ниту еден загубен човечки живот не е помалку вреден од политичката кариера на Зоран Заев.“, напиша Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here