Хрватскиот министер за здравство Вили Берош е позитивен на Ковид-19, објавено е од неговиот кабинет.

Се наведува дека Берош е во стабилна здравствена состојба со лесна клиничка слика и дека ќе продолжи да ја извршува својата должност во изолација.

Минатата недела Берош бил тестиран двапати и двата пати резултатот бил негативен.

Се претпоставува дека министерот се заразил во округот Вараждин минатата сабота.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here