Ако треба да го одберете зборот кој ја одбележа 2020 година, кој збор би било тоа?

Американскиот речник Merriam-Webster го избра зборот „пандемија“ за најупотребуван збор во 2020 година.

„Понекогаш еден збор дефинира цела ера и логично е во оваа исклучително тешка година еден збор да избие на врвот“, пишува на веб-страницата на речникот.

Авторите ги анализирале информациите за тоа кој збор најчесто се пребарувал во речникот на интернет и откриле дека тоа е зборот „пандемија“.

Нагласено е дека првиот голем скок во потрагата по зборот е пријавен на 3 февруари, а корисниците почнале почесто да го бараат на 20 јануари, кога биле регистрирани првите случаи на инфекција со COVID-19 во САД.

„Ова веројатно и не е големо изненадување“, смета Питер Соколовски, уредник во Merriam-Webster.

Зборот „пандемија“ има грчки и латински корени, комбинација е од „пан“ за сè и „демос“ за народ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here