Во текот на вчерашниот ден, само на на територијата на град Скопје, се изречени вкупно 167 мерки, меѓу кои 26 санкции за возење без возачка дозвола и 14 санкции за управување со технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека при засилените акциски контроли во областа на сообраќајот се изречени и 36 мерки за непрописно паркирани возила, 20 возила се подигнати од „пајак” службата и 27 санкции за неносење заштитна маска.

Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here