Најдобриот играч во НБА лигата, Леброн Џејмс ја продолжи соработката со екипата на Лос Анџелес Лејкерс.

Џејмс и „езерџиите“ си подадоа рака за нов двегодишен договор според кој ѕвездата ќе заработи 85 милиони долари. Со ова Леброн ќе дојде до бројката од 20 сезони во НБА лигата, ама и до севкупна заработка од вкупно 435 милиони долари кога се во прашање потпишаните договор во кариерата.

Искусниот ас во минатата сезона го предводеше Лејкерс до титулата, беше прогласен за МВП во финалето и со тоа испиша нова историја, стана прв играч кој со три различни клубови бил најкорисен играч во завршните битки за пехарот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here