Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово учествуваше на Тркалезна маса „Трансформација на општеството: Заедница за сите“, организирана по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Тој изрази задоволство што му е дадена можноста да партиципира на состанокот и да сподели информации во однос на тоа што е направено во изминатите три години заедно со институциите и граѓанските организации.

На тркалезната маса, Филипче потенцираше дека сите оние коишто имаат мака и се соочуваат со пречки во општеството се тие коишто треба да бидат слушнати, заради тоа што нивниот глас треба да биде водич и на институциите, да им каже каде точно се лоцирани проблемите и на кој начин треба да се реши. 

„Ковид кризата поремети и успори многу планови. Но и за време на оваа криза водевме сметка за лицата со попреченост во делот на препораката на превентивните мерки. Во многу ситуации тие се изземени, имајќи предвид карактеристиките и спецификите на нивното движење, на нивното функционирање. Во делот на обезбедување на пристап, на неколку места поставивме физички пристап на амбуланти, болници. Ова го направивме во соработка со граѓански организации во Здравствениот дом, болницата во Охрид, во повеќе амбуланти. Ќе ја споменам амбулантата во Сопиште која што никако не можеше да се пристапи освен со соодветна рампа. Навистина посветивме внимание. Сите нови ковид центри кои сега се во фаза на изготвување, на инсталирање со помош на проектот на Светска банка се испланирани така да имаат пристап со количка од страна на лица со попреченост“, изјави Филипче. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here