Кина стана главен надворешно-трговски партнер на Европската унија, престигнувајќи ги Соединетите држави, што е последица на пандемијата „Ковид 19“ и растот на кинеската економска активност, објави „Еуростат“, а пренесува „Економик тајмс“.

Во текот на првите три квартали од 2020 година, размената меѓу ЕУ и Кина достигнала 425,5 милијарди долари, додека истовремено размената на ЕУ со САД изнесувала 412,5 милијарди долари, прецизира Еуростат.

Овие податоци се последица на растот на увозот на земјите од ЕУ од Кина од 4,5 проценти и падот на увозот од САД од 11,4 проценти, како и падот на извозот на ЕУ преку Атлантикот од 10 проценти.

Дефицитот на надворешната трговија на ЕУ со Кина во првите девет месеци од 2020 година се искачи на 135,9 милијарди долари, наспроти 123,9 милијарди во истиот период минатата година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here