Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од улиците „Виктор Иго”, „Невена Георгиева Дуња”, „Дренак” и  улица „Драга Стојановска”, во општина Кисела Вода.

Од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје известуваат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради искината цевка од странка/фирма на „Виктор Иго” бб.

Корисниците ќе бидат без вода од 10:30 часот се до завршување на активностите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here