Државата нема да ги превзема ингеренциите за плажите на Охридското езеро,обзнани министерот за транспорт и врски Бочварски иако неговиот претходник Сугарески, уште лани најави дека стопанисувањето со крајбрежјето ќе биде под капа на државата.

Општина Охрид доби на располагање 6 милиони денари за имплементација на препораките на Унеско и сега сама нека решава како да ги реализира овие пари и сите нелегални објекти кои нема урбанистички да се вкопат, општината сама да ги отстрани -порача Бочварски. За тоа време,во ресорното министерство ќе се изработувал генерален урбанистички план за крајбрежјето,ама не веднаш туку во етапи.

– Етапното решавање на овој проблем значи дека ние не можеме во една година како агенција за планирање на простор или како министерство да направиме решеавање на целото крајбрежје, изјави Благоја Бочварски министер за транспорт и врски

Владата долго тактизираше со одземањето на ингеренциите врз плажите под изговор дека најпрвин требало да се донесат законските измени кои долго беа во собраниска процедура,а всушност се чекало да завршат изборите во 2019-та за потоа прашањето со плажите да се стави во втор план.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here