Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ се намалуваат малопродажните цени на бензините, додека цената на дизелот и екстра лесното гориво останува иста.

Бензинот Еуросупер БС-98, поевтинува за денар и половина и ќе се продава по цена од 61,00 ден./литар, додека  цената на Еуросупер БС-95, се намалува за еден денар и ќе чини 59,50 ден./литар.

Еуродизелот Д-Е V и и натаму ќе се продава по иста цена, односно 53,00 ден./лит, како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое исто така во малопродажба чини 53,00 ден./литар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here