Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 41 нов пациент поради компликации од корона вирусот, соопштуваат од министерството за здравство.

Во соопштението се додава дека на домашно лекување се пуштени 16 пациенти и оти и покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here