Полицијата сè уште постапува во врска со акцијата од синоќа во скопско Арачиново, во која е запленета поголема количина марихуана, информира портпарлот на МВР, Тони Ангеловски. Полициските специјалци кои од вчера попладне се на местото, и утрово работат на терен. 

Првичните информации се дека станува збор за марихуаната која во петокот беше украдена од магацин за склад на марихуана во Јосифово.

Тогаш МВР во полицискиот билтен информираше дека кражбата се случила околу 3 часот наутро.

За големата полициска акција официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денешниот ден по целосно завршување на акцијата. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here