Германската канцеларка Ангела Меркел, за време на дебатата во Бундестагот, повика на воведување поостри мерки за затворање помеѓу Божиќ и Нова година, поради пандемијата на коронавирус, истовремено бранејќи ја новата рекордна задолженост.

„Живееме во извонреден период и мора да дадеме се од себе за да можеме да дејствуваме во оваа вонредна ситуација, а овој факт се рефлектира во буџетот“, рече Ангела Меркел за време на редовната дебата во Бундестагот за буџетот за следната година.

Поради надминување на последиците од пандемијата на коронавирусот, Германија предвидува нов долг за следната година во износ од 180 милијарди евра.Германската канцеларка ја искористи расправата за буџетот за да ги повика граѓаните да продолжат да се придржуваат кон мерките за борба против пандемијата.

„Најважниот елемент во борбата против вирусот е одговорното однесување на секој од нас и подготвеноста да дејствуваме заедно“, рече канцеларката, нагласувајќи дека сегашното ниво на новозаразени во Германија „создава главоболки“.

„Ние мора да сториме се што можеме за да спречиме експоненцијално зголемување на бројот на новозаразени“, рече Меркел и порала: „Неопходно е драстично да ги намалите контактите во пресрет на Божиќ“.

Во исто време, таа повика на поостри мерки за затворање меѓу Божиќ и Нова година, но и за драстично намалување на контактите веќе следната недела, со цел да се намали можноста од инфекција за време на средбите со роднините за време на Божиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here