Голема грешка на Претсесателот Пендаровски што одбил понуда за членство во ЕЕЗ, напиша на својата фејсбук страница пратеникот Милошоски. Во продолжение тој напиша:

Европската економска Зона – ЕЕЗ нуди учество во единствениот слободен пазар, и ги нуди “четирите слободи” на движење на
капитал, луѓе, стоки и услуги со ЕУ, плус со Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

ЕЕЗ ги нуди речиси сите економски придобивки од членство во ЕУ, без структурните фондови. Со слободата на движење на луѓе и капитал не само што се отвараат економски перспективи, туку македонските граѓани нема веќе да бидат приморани да вадат бугарски, хрватски, словенски пасоши за да ги отворат вратите за својата стопанска или образовна активност низ цела Европа.

ЕЕЗ не е алтернатива, туку етапа и отскочна даска кон членство во ЕУ.
На самитот во Софија, Македонија прифати да е дел од единствен пазар на Западен Балкан, а чудно е зошто Пендаровски одбил да сме дел од ЕЕЗ како најголем слободен пазар на континентот?

На вчерашното интервју на Сител претседателот Пендаровски соопшти дека во ноември 2019 разговарале со Макрон за членството во ЕЕЗ.

Се поставува прашањето зошто Пендаровски не го соопштил ова во годишното обраќање пред Собранието? Зошто за оваа понуда не разговарал со стопанските комори, со министерството за финансии и зошто не отворил јавна расправа во општеството, согласно неговото предизборно ветување дека ќе работи за подобра економска перспектива на Македонија?
Претседателот Пендаровски немал право да одлучува сам, а уште помалку да одбие сам една ваква стратешки добра понуда за напредокот на Македонија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here