До овој момент 8 лица ќе се соочат со кривична пријава по полициската акција за сузбивање на шверц со наркотици што полицијата во текот на вчерашниот ден ја спроведуваше во Арачиново. Информацијата ја сподели со јавноста министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарски прашања.

Спасовски не откри повеќе детали освен дека за сите осомничени ќе биде побарано мерка притвор.

„Тоа беше обемна акција којашто се спроведе на територијата на Арачиново. Вчера дадовме известување со податоци коишто можеше да бидат споделени. Со оглед на тоа дека истрагата сѐ уште трае, има и проширување на истрагата. За сите детали коишто може да бидат соопштени до јавноста, ќе бидат соопштени во моментот кога ќе се процени дека нема да се наштети  на истрагата или кога целосно ќе ја завршиме оваа истрага“, рече Спасовски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here