Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот само на територијата на град Скопје МВР изрече вкупно 435 казни, од кои 81 се за возење без возачка дозвола.

Според податоците од МВР, за нерегистрирани возила се изречени 41 казна, 15 за технички неисправни возила за јавниот превоз, 8 за минување на црвено светло, 16 санкции за управување под дејство на алкохол,  27 казни за некористење сигурносен појас, 17 казни за користење на мобилен телефон, 36 за непрописно паркирани возила, како и 31 казна за неносење заштитна маска.  

Од Министерството најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here