На утринската емисија „Студио 10“ во Телевизија 24 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека со Зоран Заев нема европска иднина, ниту Македонија, ниту македонскиот народ, како и тоа дека Заев не доведе до ситуација помеѓу асимилација или интеграција, затоа треба да си замине од власта.

-Ако некој континуирано ги поместува нашите преговарачки позициии, а ние постојано губиме и се доведеме до самиот амбис и да се доведеме до ситуација дали асимилиација или интеграција, тогаш е прашањето дали тој човек или тие политичари, воопшто имаат кредибилитет и понатаму да продолжат да преговараат затоа што превземале концесија, истакна Мицкоски.

Мицкоски вели дека треба веднаш да се остави на историчарите да си разговараат за историските настани, а не политичарите тоа да го прават, потребно е да се остави експерти да одговараат за стручните прашања, но не политичарите.

-Ние политичарите да се повлечеме и да го мониторираме тој процес, но не овие политичари со концесии, овие мора прво да бидат поразени да дојдат луѓе политичари кои знаат како да го фасилитираат и водат овој процес, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели дека во спротивно Македонија ќе продолжи да губи, македонскиот народ ќе продолжи да губи и се подалечна ќе е европската иднина.

Тој посочи дека теоретски ако ние сега ги почневме преговорите кои ги посакуваме, повторно ќе стоеше тој Дамоклов меч од тој момент, до полноправно членство за сите овие прашања кои се отворени од политичарот Зоран Заев.

-За овие прашања не требаше да ги разговараме, требаше да ги бетонираме нашите позиции, мојата цел беше таа , а сега Зоран Заев се обидува низ патриотска призма по вчерашното обраќање, но тоа не му стои, вели Мицкоски утринава во „Студио 10“ на Телевизија 24.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here