Директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова, по новинарско прашање во врска со смртта на 28-годишното момче од коронавирус, истакна дека од утре ќе започне вонредниот инспекциски надзор за овој случај.

„Вoнреден инспекциски надзор ќе следува од утре. Вонредниот инспекциски надзор ќе го опфати целокупниот пат на лекување на пациентот, од неговиот матичен лекар до установата кадешто починал“, истакна Сотирова-Бухова.

Инаку, вчера од Министерството за здравство информираа дека регистрирани се 504 нови случаи на коронавирус, додека пак починати се 46 лица, меѓу кои и 28-годишен пациент од Скопје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here