Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Бетиќи, откако вчера индиректно наговести, денеска демантираше дека поранешниот вицепремиер за економски прашања од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски, и екс министерот за финансии Кирил Миновски, официјално не се дел од неговиот тимот на советници. Сепак, од неговата денешна објава на Фејсбук, останува неодговорено прашањето дали овие двајца се негови неформални советници.

  • Ова неформално тело, платформа за дискусија со луѓе кои можат да дадат мислење, совет или експертиза за да дојдеме до поквалитетни предлози и политики. Тие не се професионално ангажирани како советници во мојот кабинет или во Владата, ниту нивните мислења се обврзувачки за Владата ниту пак ќе примаат каков било надомест, вели Битиќи.

Кирил Миновски, екс-министерот за финансии, во владата на Никола Груевски, за Алфа демантираше дека е му е советник на актулениот министер.

Сепак, во списокот на соевтници што го објави денеска министери Битиќи стојат имињата на Веле Самак, екс-министер за странски инвестиции во владата на ВМРО-ДПМНЕ и Виктор Мизо, кој во тоа време беше прв човек на ТИРЗ и еден од луѓето на Груевски. На списокот стојат и уште, Никола Поповски (поранешниот министер за финансии во Владата на СДСМ), Игор Ивановски, Ванчо Узунов, Дарко Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ. Битиќи најави дека „За татковината со љубов“ е советодавно експертско тело, а таму се вклучени и професорите Марјан и Благица Петрески, Никица Мојсовска, Олимпија Христова-Заевска и Горан Рафајловски.

Инаку, јавноста бесно изреагира откако синоќа битиќи индиректно призна дека пешевски и миновски се ангажирани како негови советници.

  • Тенденција ни е да ги вклучиме сите заинтересирани релевантни експерти за поединечни теми на интерес и верувам дека ќе се проширува значително во иднина. Сите кои сакаат да помогнат се добредојдени. Токму разноликоста на оваа платформа, од повеќе аспекти, е значајна бидејќи таа ќе продуцира инклузивни насоки кои ќе бидат конструктивно анализирани од повеќе агли, се со крајна цел да произведат патека за нашата економија која ќе биде долгорочно кохерентна и конзистентна. Мојата врата е и останува отворена за сите професионалци и експерти кои што сакаат да се вклучат и да помагаат во интерес на граѓаните, порачува Битиќи.

На ова регаираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој рече дека иако власта велела дека претходната власт била режим, сега пола од нив биле во новата Влада. Тој додаде дека не верува во иницијативата на Битиќи зашто неговото однесување во минатиот период не била во насока дека ја сака татковината, туку напротив.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here