Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 333 мерки, од кои 39 биле за возење без возачка дозвола 39 санкции.

Според податоците од МВР, 25 казни се за нерегистрирани возила, 8 за технички неисправни возила за јавен превоз, 26 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 5 санкции за управување под дејство на алкохол, 27 казни за некористење сигурносен појас, 20 за користење на мобилен телефон, 52 за непрописно паркирани возила, 38 возила се подигнати од „пајак“ службата и 21 казна за неносење заштитна маска.   

Од Министерството најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here